Утрински Весник
Свет

(Видео) Кремљ по нападот на мостот на Крим:„Ќе следи адекватен одговор“

(Видео) Кремљ по нападот на мостот на Крим:„Ќе следи адекватен одговор“

По инцидентот на мостот на Крим, се огласија претставници на Кремљ. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, тврди дека за нападот е одговорен Киев.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот напад на мостот на Крим го изврши киевскиот режим. Овој режим е терористички и има карактеристики на меѓународна организирана криминална група – рече Захарова, без да обезбеди докази за нејзините наводи.

„Одлуките ги носат украинските функционери и војската со директно учество на американски и британски разузнавачки агенции и политичари. За терористичката државна структура задолжени се САД и Британија – додаде таа, пренесе „Гардијан“.

Претседателот на Кримскиот парламент Владимир Константинов на Телеграм објави дека причина за вонредната состојба утринава на Кримскиот мост е терористички напад на украинските власти.

„Терористичкиот режим во Киев изврши ново злосторство, го нападна мостот на Крим. Киев мораше да знае дека автомобилскиот дел од мостот е исклучиво за цивилен сообраќај – рече Константинов, пренесува РИА Новости.

Во инцидентот загинаа брачна двојка, додека нивната малолетна ќерка е повредена и се наоѓа на одделението за интензивна нега во блиската болница.

Членот на Уставниот комитет на Советот на Руската Федерација, Александар Башкин, на Телеграм изјави дека Украина, „соочена со неуспеси во контраофанзивата, го истури својот гнев врз цивилите“ со напад на мостот на Крим.

Во меѓувреме, РИА Новости објави дека околу 09:00 часот по локално време е обновен железничкиот сообраќај преку мостот на Крим, како што најави шефот на Крим, Сергеј Аксјонов.

Можете да прочитате

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон