Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба е задоволен од резултатите на неодамнешниот самит на НАТО во Вилнус, велејќи дека неговата земја психолошки веќе е членка на западната воена алијанса.
„Ја надминавме психолошката бариера и гледам дека на Украина веќе се гледа како на вистинска членка на НАТО“, изјави Кулеба во интервју за украинската телевизија.
Тој жали што овој „квантен скок“ не се случил во Вилнус, но е убеден дека ќе се случи, т.е. членството во НАТО „неизбежно доаѓа“.
„А тоа ќе се случи многу побрзо отколку што ни изгледа сега“, изјави Кулеба.
Зад затворени врати, рече Кулеба, сите ги уверуваа дека доаѓа членството во Алијансата, но прашање беше само кога и колку брзо.
Зборувајќи за „пактот за безбедност“, термин што го користат западните земји до полноправното членство во НАТО, Кулеба рече дека Украина го толкува како „безбедносни гаранции, политичка посветеност на полето на безбедноста“. Тој се надева дека по општата изјава ќе следат билатерални документи со обврзувачки одредби.