Утрински Весник
Македонија

Скопјанец украл електричен тротинет, а при претрес во неговиот дом пронајдени пушка и муниција

Скопјанец украл електричен тротинет, а при претрес во неговиот дом пронајдени пушка и муниција

На 13.7.2023, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Ј. Ф. (24) од Скопје поради тоа што управувал електричен велосипед за кој постоело сомнение дека потекнува од кривично дело кражба.

dobivaj vesti na viber

Со него бил извршен службен разговор во кој признал уште едно дело кражба, при што на 9.7.2023 на булеварот Никола Карев одзел електричен тротинет, а електричниот велосипед му бил вратен на сопственикот.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ј. Ф., при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе ловечки патрони, рамка за пиштол и други делови за пиштол. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Албанска лига е новото име на партијата на Села, најавена нова политичка офанзива

Седум пријави и четири уапсени лица за семејно насилство

Кривична пријава за група битолчани кои „ловеле педофили“