Утрински Весник
Македонија

(Видео) Колева: Поддржани 410 компании, растат платите, паѓа невработеноста

(Видео) Колева: Поддржани 410 компании, растат платите, паѓа невработеноста

Даниела Колева, пратеничката на СДСМ, на денешната прес-конференција истакна дека освен покачување на платите за работниците во сите сектори, со економските политики СДСМ создаде услови за развој на економијата и бизнис секторот, подеднакво за домашните и странските компании.

dobivaj vesti na viber

Силната поддршка на компаниите, како што рече, допринесе за раст на инвестициите, намалување на невработеноста и отворање на нови и добро платени работни места.

„Затоа денес имаме 8% намалување на невработеноста и 9,5% зголемување на вработеноста во државата. Поддржани се 410 компании со 23 милиони евра, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции.Преку овој закон СДСМ обезбеди сет на мерки за финансиска поддршка за капитални инвестиции, поддршка за нови вработувања, поддршка за активности во истражување и развој, поддршка за проекти од значење економски интерес на државата. Создадовме стабилна бизнис клима каде наместо страв од клуч на врата како во времето на ДПМНЕ, постои взаемна доверба и партнерски однос меѓу Владата и компаниите. Со континуирана поддршка за компаниите врз основа на овој закон и во текот на оваа 2023 година очекуваме да се надмине бројката на поддржани компании од лани“, вели Колева.

Појаснува дека минатата година имавме рекорден износ од 750 милиони евра директни странски инвестиции и дека Северна Македонија не е веќе земја каде има евтина работна сила туку земја во која се почитува и вреднува трудот на работникот.

„Бројката на вработени во технолошко-индустриските зони веќе надмина 17.000, во изминатите пет години бележиме 10.000 нови работни места. Ги помогнавме компаниите, создавајќи конкурентни работни места, со плати над просечната. Овозможивме раст на минималната и просечната плата, со тоа и раст и на пензиите, што резултира со зголемување на животниот стандард на граѓаните“, истакнува пратеничката на СДСМ.

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег