Утрински Весник
Свет

Маж од Детроит паднал во река од висина од 45 метри во Америка

Маж од Детроит  паднал во река од висина од 45 метри во Америка

Човек кој работел како градежен работник преживеал пад од 45,7 метри во реката Детроит од мост што ги поврзува американската сојузна држава Мичиген и Канада, пренесе АП.

dobivaj vesti na viber

Човекот бил спасен од екипажот на бродот за испорака на пошта.

„Колку беше силен ударот покажува дека поголемиот дел од облеката му е искината. Работните чизми сè уште беа на него, а панталоните околу глуждовите“, рече Сем Бјукенан, капетан на бродот.

Бјукенан рече дека човекот бил пренесен на брегот, каде што го презеле медицинските лица од Детроит.

„Ни беше полесно кога видовме дека може да разговара со нас, но се изгуби. Постојано прашуваше што се случи со него, а ние му рековме дека паднал од мостот“, рече Бјукенан.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија