Утрински Весник
Спорт

Јувентус потврди дека ја напушта Суперлигата

Јувентус потврди дека ја напушта Суперлигата

Раководството на Јувентус излезе со официјално соопштение во кое уште еднаш изјавува дека го напушта проектот за Европска Суперлига. Клубот веќе ја започна соодветната правна процедура, но конечното излегување на Јувентус ќе стане факт по одобрението од Барселона и Реал Мадрид, единствените клубови кои не ја промениле првобитната позиција и стојат зад проектот.

dobivaj vesti na viber

Уште на 6 јуни Јувентус ја објави својата намера да ја напушти Суперлигата. Ова е уште еден потег со кој „старата дама“ се обидува да ги подобри односите со УЕФА. Првиот чекор беше направен со оставката на Андреа Ањели од претседателската функција. Покрај тоа, Јуве ќе се откаже од учество во Конференциската лига, а за возврат нема да добие санкции за следната сезона.

„Бјанконерите“ беа казнети во Италија за случајот со фалсификување на финансиски документи. Клубот од Торино избра да не учествува во третиот по ранг европски клупски турнир, за да не ризикува да ја пропушти следната сезона во Лигата на шампионите.

Проектот за Суперлига беше најавен во 2021 година и вклучуваше 12 клубови, но речиси сите си заминаа 72 часа подоцна по силната реакција на УЕФА и ФИФА, како и бројни играчи, тренери и навивачи.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност