Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на фјучерс турнирот во Рим за награден фонд од 60.000 долари. Таа во второто коло ја совлада Жибек Куламбајева од Казахстан со 2:1 во сетови за два часа и седум минути игра.
Ѓорческа славеше со 4:6, 6:2, 6:3. Куриозитет на овој меч беа дури 16 брејка од вкупно 27 гема.
Македонската тенисерка поведе со 2:0 во гемови на стартот, но потоа четири поседовни гема доби Куламбајева. На крајот успеа и да го освои сетот.
Сепак, потоа Лина Ѓорческа го засили ритамот. Вториот сет го доби со 6:2 во гемови, а потоа и дозволи само три гема на противничката во третиот сет.
Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од дуелот меѓу Далила Спитери (Италија) и Сеоне Мендез (Австралија).