Утрински Весник
Македонија

Најчевска: Твоја партија предлага изборот на судии и обвинители да го вршат странски независни експерти

Најчевска: Твоја партија предлага изборот на судии и обвинители да го вршат странски независни експерти

Твоја партија предлага сè до воспоставувањето цврст систем на правила, процедури и критериуми, кои ќе оневозможат какво било мешање на политичките партии во изборот на кадрите и во работењето на овие институции, изборот на судии и обвинители да го вршат странски независни експерти врз основа на претходно поставени правила, процедури и критериуми и спроведени тестирања базирани на најдобрите пракси во ЕУ-државите, објави професорката Мирјана Најчевска.

dobivaj vesti na viber

„Имајќи го предвид континуираниот деградирачки тренд во дејствувањето на Републичкиот судски совет и на Советот на јавните обвинители, многуте негативни извештаи за работата на овие институции и неспособноста на актуелната (исто како и на претходната власт) да иницира соодветни промени, Твоја партија бара нивно итно распуштање и префрлање на нивните надлежности на експертски групи делегирани од ЕУ.

Повеќе е од очигледно дека овие институции вака како што се структурирани и особено во ситуација кога изборот на нивните членови е под директен диктат на владејачките политички партии, не само што не придонесуваат за позитивни промени во правосудството туку стануваат извор на неправо и ја продлабочуваат веќе катастрофалната состојба во нашето правосудство“, вели Најчевска.

Според неа, секоја до сега предложена интервенција во моментот ќе претставува само козметичка промена, која, како што додава таа, нема да влијае на актуелната состојба на Републичкиот судски совет и на Советот на јавните обвинители, кои се профилираа како партиски поделени институции, кои не ја остваруваат својата основна надлежност, не ги штитат правата и слободите на граѓаните и наместо да се занимаваат со правораздавање, се исцрпуваат во изнаоѓање начини за поддршка и заштита на политичките партии и, пред сè, на високите функционери во овие партии.

Ова, според Најчевска, мора да биде привремена мерка и треба да послужи, пред сè, за хармонизација не само на нашето законодавство туку, пред сè, нашата пракса со праксата на ЕУ.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа