Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим од и кон мијачкото село Галичник поради манифестацијата „Галичка свадба 2023“

Посебен сообраќаен режим од и кон мијачкото село Галичник поради манифестацијата „Галичка свадба 2023“

Од 17 часот на 15 јули (сабота) до 17 часот на 16 јули (недела) Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен сообраќаен режим од и кон мијачкото село Галичник, а во кое ќе се одржува традиционалната манифестација „Галичка свадба 2023“.

dobivaj vesti na viber

Во овој период во селото ќе може да влегуваат само возила со посебни пропусници, додека сите други гости и посетители нивните возила ќе треба да ги паркираат на стадионот во Галичник или на ливадите од двете страни пред стадионот.

Минибусите и комбињата ќе треба да се се паркираат на споредниот пат за соседното село Лазарополе.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сите оние кои на манифестацијата „Галичка свадба“ ќе дојдат со возила или минибуси и комбиња да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници и да не ги оставаат возилата надвор од предвидените места за таа намена.

Се апелира, исто така, целосно да ги почитуваат и сите сообраќајни правила и прописи и јавниот ред и мир, со што ќе придонесат за успешно одржување на оваа традиционална и надалеку позната манифестација.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје