Утрински Весник
Македонија

218 сообраќајни прекршоци во Скопје, 35 за брзо возење

Во Скопје, Штип и Битола се вози брзо, невнимателно, без возачка: контролите на полицајците донесоа стотина казни за возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Како што известува МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

– Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за некористење сигурносен појас…, велат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон