Утрински Весник
Македонија

Грција со поддршка за забрзана интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Грција со поддршка за забрзана интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Во рамките на учеството на самитот на НАТО во Вилнус, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со својот домаќин од Грција, Јоргос Герапетритис.

dobivaj vesti na viber

Во фокус на првиот состанок меѓу двајцата министри беа билатералните односи и перспективата на зајакната секторска соработка на двете соседни држави и партнери. Во тој контекст беше издвоена соработка во енергетиката и гасното поврзување.

За европската иднина на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан беа потенцирани поддршката и јасните позиции на официјална Атина во таа насока. „Грција продолжува да биде цврст партнер на нашата земја и регионот во напорите за што побрзо и успешно завршување на пристапниот процес за членство во Европската Унија за што ја пренесов нашата благодарност“, истакна Османи на средбата.

Нагласувајќи ја важноста на договорот од Преспа за севкупната динамика на односите, беше нагласена потребата за дополнителен заеднички ангажман за исполнување на договореното од акцискиот план за интензивирање и збогатување на соработката, како и вложување напори за ратификација на преостанатите потпишани документи меѓу двете држави.

Можете да прочитате

Почина професорот и дипломат Јован Донев

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони

Барутана без важечки ДУП – жителите бараат основни услови за живот, новиот план носи 33% помалку градба