Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Аеродром почна постапка за изработка на нов локален еколошки акциски план

Општина Аеродром почна постапка за изработка на нов локален еколошки акциски план
Img 7972

Општина Аеродром ја почна отворената и транспарентна постапка за изработка на „ЛЕАП 3“, новиот Локален еколошки акционен план кој претставува стратешки насочен кон имплементација на идеи за заштита на животната средина.

dobivaj vesti na viber

Во салата на Советот на општината се одржа првата информативна средба, на која присуствуваше градоначалникот Тимчо Муцунски, претставници на институции, приватни компании, како и невладини организации кои работат со прашања поврзани со екологијата и животната средина.

Состанокот го отвори градоначалникот Муцунски, кој им се заблагодари на присутните што земаат активно учество во носење на овој важен стратешки документ за иднината на општината, истакнувајќи дека имплементацијата на мерки и проекти кои се однесуваат на здравата и чиста животна средина останува приоритет за оваа општинска администрација, известуваат од општина Аеродром.

Како што соопштуваат од општината, на настанот кој беше од отворен карактер, беа преставени целите и активностите за изработка на Локалниот еколошки акционен план и методологијата за негова изработка. По неговото завршување, со овој стратешки документ ќе продолжат нашите досегашни напори за воспоставување добра соработка со невладините организации кои работат во делот на животната средина, тој ќе биде одлична основа за едукација на младите и стратешки документ кој ќе биде поттикне идната соработка со бизнис секторот и со тоа ќе го придонесе за забрзан локален економски развој.Граѓаните може да ги дадат своето, мислење, предлози и ставови за изработка на документот преку следниот линк:  https://bit.ly/3O5XXK7

Можете да прочитате

По расправија за направена сообраќајка, 19-годишник избодел сограѓанин, па се обидел да избега од државата

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен