Утрински Весник
Македонија

Претреси во кочанско, пронајдени оружје и муниција

Приведен гостиварец поради бегство од затвор

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера ги лишиле од слобода 78-годишниот Д.С., 78-годишниот Ј.С. и 61-годишниот Д.М., сите од Кочани, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– При претрес во домот на Д.С. и Ј.С. во Кочани, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“, пиштол „Црвена застава“, повеќе куршуми различен калибар, оптички нишан и други предмети. Додека при претрес во викенд куќа на Д.М. во с.Тркање, кочанско, извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Брвеница в недела избира градоначалник: Шест кандидати во трката за општината

Треновски: Пред да увезуваме работници од странство, да ги вработиме нашите луѓе!

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотив