Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсен осомничениот за убиството на поранешен командант на Путин: Руски специјалци ги искршиле прозорците и упаднале во неговата куќа

Нема индикации дека режимот на Путин наскоро ќе падне, тврди Германската тајна служба

Руските власти соопштија дека е уапсен осомничениот за убиството на поранешниот командант на подморницата Станислав Ржицки (42), кој вчера беше убиен во градот Краснодар на југот на Русија. Државниот истражен комитет на Русија соопшти дека е уапсен маж на возраст од околу 60 години, а кај него биле пронајдени пиштол и пригушувач.

dobivaj vesti na viber

Комитетот објави видео на Интернет на кое се гледа како полицијата влегува во куќата и приведува маж кој носел само долна облека.

Украинската разузнавачка агенција објави детали за убиството на Ржицки на интернет, но не презеде одговорност ниту објасни како ги добила деталите.

Ржицки е убиен додека трчал, а неговата смрт прво ја потврди руската државна новинска агенција ТАСС. Во моментот на убиството тој бил заменик началник на одделението за мобилизација.

„Станислав Ржицки, поранешниот командант на подморницата Краснодар на Црноморската флота на руската морнарица, е убиен во Краснодар, Русија. На 10 јули трчаше во Краснодарскиот парк за култура и рекреација именуван по 30-годишнината од победата. Околу шест часот наутро кон него биле испукани седум истрели од пиштол од типот „Макаров“. Од прострелните рани Ржицки починал на лице место“, соопштија вчера украинските разузнавачи, пренесуваат медиумите во регионот.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет