Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Крагуевац

Земјотрес во близина на грчкиот остров Закинтос

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван попладнево во Крагуевац, објавено е на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

dobivaj vesti na viber

„Во 19 часот и 25 минути по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала во регионот на Крагуевац. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје“, соопшти РСЗ.

Во регионот денеска е почувствуван уште еден земјотрес. Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Засега нема информации за евентуална материјална штета, пренесува „Klix.ba“.

Можете да прочитате

Американска делегација во северна Сирија поради растечки тензии

Повеќе од 100 жртви во поплавите во Африка

САД го продолжија рокот за преговори за продажбата на странските средства на „Лукоил“