Утрински Весник
Македонија

Гостиварец ја натепал поранешната девојка среде плоштад

Малолетничка тепана и принудена на проституција, приведени пет лица од Кавадарци и Неготино

Насилство од партнери со кои биле во љубовни врски пријавиле две девојки вчера во Гостивар, од кои едната е тинејџерка.

dobivaj vesti na viber

Малолетничката, според информациите од полицијата, била нападната на градскиот плоштад во овој град.

„Малолетничка од Гостивар, вчеравечер (10 јули), во 22.30 часот, во СВР Тетово пријавила дека околу 21.30 часот на градскиот плоштад во Гостивар, Џ. Н., со кого претходно била во љубовна врска, физички ја нападнал“, велат од МВР.

Во вториот случај, триесет и едногодишна жителка на гостиварско село, вчера, во 13 часот, во СВР Тетово пријавила дека Е. М.(48) од друго гостиварско село, со кого била во љубовна врска, на 3 јули на локален пат кон селото физички ја нападнал.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот