Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ристов: Јакимовски вештачки го одржува во живот ДУП-от на Фатмир Етеми

(Видео) Ристов: Јакимовски вештачки го одржува во живот ДУП-от на Фатмир Етеми

„Денес истече рокот за потпишување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Карпош на 05.07.2023. Одлуките не беа изработени од страна на службите на општината со што повторно се прави обид за исклучување на Советот од работата на општината. Со овој чин вештачки се држи во живот ДУП нарачан и нацртан за потребите на Фатмир Адеми и неговата фирма ЗСФ“, кажа Бранко Ристов, претседател на Советот на општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

ДУП со никаква поддршка од граѓаните ниту од нивните претставници во советот.

Тој им се заблагодари на граѓаните за, како што вели „нивната ревносна борба со која кренаа толку галама што дури и партиите како СДСМ и ДПМНЕ кои историски стоеле на страна на урбанистичката мафија се спремни да застанат заедно со нас против овој ДУП“.

Апелираше до градоначалникот и општинската администрација заедно да ја верификуваат волјата на сограѓаните.

– Да падне конечно овој ДУП со што ќе се отвори простор за носење нов направен согласно интересите и потребите на граѓаните, додаде Ристов.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија