Утрински Весник
Спорт

Алкараз обезбеди прво 1/4-финале на Вимблдон

Алкараз обезбеди прво 1/4-финале на Вимблдон

Првиот носител, 20-годишниот Карлос Алкараз се пласираше меѓу осумте најдобри на грен-слемот Вимблдон. За деби настап во четврфиналето на лондонскиот турнир со 3-1 во сетови го совлада Италијанецот Матео Беретини.

dobivaj vesti na viber

Беретини одлично влезе во мечот освојувајќи го воведниот сет со 6/3. Потоа Алкараз возврати со три последновно добиени сета со идентични 6/3. Во чeтвртиот сет, Шпанецот ја искористи четвртата меч топка и оди во петтото грен-слем четвртфинале во кариерата.

Во следната рудна, Алкараз ќе игра против Данецот Холгер Руне кој забележа четвртфинален триумф над Григор Димитров.

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1