Утрински Весник
Македонија

Дардишта од фамилијата вработена во „Комунална хигиена“: Ние сме со генерации тука, камо да се вработевме на друго место, а не во ѓубре

Дардишта од фамилијата вработена во „Комунална хигиена“: Ние сме со генерации тука, камо да се вработевме на друго место, а не во ѓубре

Избрканиот синдикалец од „Комунална хигиена“, Дели Дардишта, ги потврдува тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека дел од неговата фамилија е вработена во претпријатието. За него, ова не е спорно, посочувајќи дека се е законски. За изјавата на Арсовска дека фамилијата има вработено се што им е род до шесто колено, тој посочува: „Што да коментираш, таа може што сака да каже“.

dobivaj vesti na viber

„Ние вистина е дека сме големо семејство, но секој своја куќа има, секој со своите деца си живее. Ние сме со генерации тука, не е дека некој вчера ги вработил луѓето. Имаме луѓе со по 40 години стаж, овде што работат“, вели Дардишта за „Макфакс“.

Тој посочува дека нема ништо спорно во овие вработувања.

„Се е легално, согласно закон. Секој има право да се вработи. Камо да имавме среќа на друго место да се вработиме, а не во ѓубре. Татковците наши, сите во пензија отидоа од таму. Јас имам 33 години, а има по 40 години што работат тука. Што е спорно?“, додава Дардишта за „Макфакс“.

Прашан за коментар околу изјавата дека мафијашки структури го контролираат претпријатието, теза која беше посочена од Арсовска кога зборуваше за вработувањата на фамилијата, Дардишта вели: „Гледам мафијаши, ѓубре товараме, а мафијаши. Има право да нѐ обвинат за се кога, 365 дена работат луѓето, а ни денови за одмор не добиваме. Нека им служи на чест“.

Дели Дардишта беше избркан од „Комунална хигиена“. Тој беше синдикален претставник на вработените. Вчера, градоначалничката Арсовска покажа список со вработени лица од иста фамилија, а на кој стоеше презимето Дардишта.

„Од документот можете да видите дека едно презиме, односно една фамилија, во јавното претпријатие „Комунална хигиена„ има вработено се што му е род до шесто колено. Од една фамилија има над 40 вработувања. Од втора фамилија има над 30 вработувања. И овие мафијаши нема да бидат повеќе толерирани во Градот Скопје“, рече Арсовска.

Дардишта беше избркан во четвртокот.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот