Утрински Весник
Свет

Песков: Членството на Киев во НАТО би имало негативни последици за безбедноста на Европа

Песков: Мобилизацијата заврши

Денеска Русија предупреди дека членството на Украина во НАТО ќе има многу негативни последици за европската безбедносна архитектура и претставува опасност и безбедност за Москва.

dobivaj vesti na viber

„Морате да бидете свесни за потполно јасната и конзистентна позиција на Русија дека членството на Украина во НАТО ќе има многу негативни последици за веќе полуурнатата европска безбедносна архитектура, како и дека ќе претставува екстремна опасност и закана за нашата земја, што ќе бараат многу јасен и силен одговор од нас“, рече  Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, пренесува ТАСС.

Тој оцени дека Украина се обидува да изврши притисок врз земјите од НАТО за да добијат покана за членство во Алијансата.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија