Утрински Весник
Македонија

Покажувањето на мускули е лошо: полициските контроли се закана за ноќниот живот – реакции по претресите на МВР

Покажувањето на мускули е лошо: полициските контроли се закана за ноќниот живот – реакции по претресите на МВР

Рутинските контроли на полицијата според реакциите на граѓаните се закана за ноќниот живот во главниот град. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека се загрижени дека контролите во претеран број како што велат, можат да го прекинат ноќниот живот, посебно во летниот период кога треба да се случува и екот на забавите.

dobivaj vesti na viber

Некои од нив прашуваат што ќе биде ова да се случува во Белград, Приштина или Солун.

Сопственик на ПР агенција чии клиенти се и неколку скопски локали на социјалните мрежи ќе напише дека ваквиот план на властите воопшто не е добар.

На кои им смета ноќниот живот во Скопје, прашува Дарко Панчевски.

„Дел сум од ноќниот живот на Скопје, уживам во седенките во кафаните, се потопувам во бучавата на баровите и се забавувам во клубовите до зората.
Но, од вчеравечер ме совлада огромно чувство на загриженост. “Рутинските” контроли кои се случуваа во претеран број станаа закана за ноќниот живот и истиот може да биде прекинат и уништен од рацете на властите. Полицијата, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд станаа сенки што владеаат над ноќниот живот на Скопје, и го уништуваат тој кревок свет во кој и ние младите како сите во светот уживаме.
Вчеравечер сите овие упаднаа во една локална дискотека и ја прекинаа забавата. Си ја “вршеа” работата цел 1,5 час додека ние “сецнати” чекавме да видиме дали ќе се продолжи.
Епилогот беше уништена забава и 0 уапсени млади“, пишува тој.

Вели дека покажувањето на мускули ќе се одрази лошо.

„Па и тие малкумината што останавме ќе тргнеме во странство. Замислете ова да се случи во Белград, Приштина или Солун ? Не ви е добар планот!
И ние се залагаме и сакаме ред, дисциплина и поредок, но не со овие Севернокорејски техники !
Не ни смета контрола ама таа да е неприметна и да не ни ја уништува вечерта, сепак плаќаме карти, пијачки и инвестираме време и се !
Скопје, мојата љубов, ништо не може да го уништи нашиот врвен пулс. Секоја ноќ е прилика за нови приказни, нови врски и незаборавни моменти. Ноќниот живот е пожелен, далеку од контролите и репресијата, и ниту една институција не може да го ограничи неговото блескаво сјаење“, додава тој на социјалните мрежи.

Во државата, како што вели, има преголеми проблеми за да се стави акцент на ноќниот живот.

„Остајте не нас младите да си живееме ! На крај ги прашувам институциите дали овие акции се тенденциозни и имаат друга позадина ? Ги замолувам сите кои имаат некаква моќ да истражат и трајно да не заштитат нас младите!“, порачува Панчевски.

На ист став и музичарите.

Панчо од ДНК оценува дека МВР освен што знаат да ги малтретираат сопствениците на ноќните клубови , промотерите и останатите угостителски објекти, другите покомплексни работи се научна фантастика за нив.

„За жал сила покажуваат таму каде најмалку треба да се покаже, а воедно гледам дека силно решиле да го продолжат егзодусот на оние малкумина младите кои за жал сеуште се тешени да останат во Македонија.
Убеден сум дека истите тие млади за време на викедните сакаат само да се забавуваат и за момент да избегаат од суровата реалност на нефункционалното општество и сивото секојдневие каде реткост е да слушнеш убава вест од медиумите.
Јас сум сведок дека оваа станува ноќна мора за сите угостители и се случува насекаде низ Македонија поготово во источниот дел, а тврдам дека највеќе во Скопје. Со оглед на мојата професија, повеќе од 20 години сум дел од ноќниот живот и најодговорно тврдам дека ваква репресија и протисок како во последнава година се нема никогаш случено.
Капа им симнувам на секој еден угостител кој се труди чесно да заработи и не знам само што ги мотивира да не стават клуч на врата.
Жално, бедно, болно“, пишува познатиот пејач.

МВР викендов информира дека во рамки на оперативниот план „Безбедно лето“, во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, спровеле акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина