Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Една фамилија има вработено се што им е род до шесто колено во Комунална – овие мафијаши нема да бидат толерирани

(Видео) Арсовска е во коалиција со СДСМ, директорот на ЈСП е нивен кадар, тврди Стоилковски

Од една фамилија, над 40 лица се вработени во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Ова вечерва го соопшти градоначалничката Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

На новинарите им покажа документ на кој стоеше презимето Дардишта, како и повеќе имиња. Во делот на функции, стоеја: метач, советник на директор, работник за собирање смет, хигиеничар.

„Од документот можете да видите дека едно презиме, односно една фамилија, во јавното претпријатие „Комунална хигиена„ има вработено се што му е род до шесто колено.

Од една фамилија има над 40 вработувања. Од втора фамилија има над 30 вработувања. И овие мафијаши нема да бидат повеќе толерирани во Градот Скопје“

Таа додаде дека се надева оти институциите ќе продолжат да постапуваат и дека никој нема да дозволи на штета на граѓаните, да се случува ова што се случува во моментов со несобирање на сметот и блокирањето на работата.

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините