Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје тоне во ѓубре, Ковачевски и Арсовска да се договорат да го исчистат исто како што се договараат за тендери

Центар сама ќе го собира сметот, состојбата е алармантна

Скопје тоне во ѓубре, Ковачевски и Арсовска да се договорат да го исчистат исто како што се договараат за тендери, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Како што беа сложни Ковачевски и Арсовска кога советниците на СДС и ги гласаа финансиските програми, така да бидат и сега и да го исчистат Скопје.

Како што беа сложни со тендерот за гориво во ЈСП, така нека се сложни и сега и да го исчистат Скопје.

Ковачевски и Арсовска го заглавија градот Скопје, секој месец нови проблеми“, се вели во ставот на партијата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Вечерва Црногорско народно позориште со „Другата страна” на сцената на МНТ

Шокантно откритие: Институт регистриран во кладилница, откри Јаневска