Утрински Весник
Свет

Руски медиуми: Путин го менува главниот генерал задолжен за војната против Украина

Најразвиените земји во светот го планираат најсилниот удар за Русија досега

Рускиот претседател Владимир Путин го отпушти Валериј Герасимов, главниот генерал задолжен за војната против Украина, додека продолжува со чистката на врвот по обидот за пуч на Вагнер минатиот месец, пишуваат руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Генералот Валери Герасимов (67) e сменет за помалку од шест месеци откако беше назначен на функцијата, се наведува и се додава дека на негово место доаѓа генерал-полковник Михаил Теплински.

Бурниот потег на Путин – кој не е официјално потврден – го претставува најновиот пресврт во командата на неговата речиси 17-месечна инвазија на Украина.

За време на војната, отпушти неколку водачи, меѓу кои и генерал-полковник Михаил Мизинцев, познат и како „Мариуполскиот касап“, како и генералот Рустам Мурадов, кој стоеше зад масакрот во Вухледар на почетокот на оваа година.

Герасимов ќе остане на чело на руските вооружени сили како началник на Генералштабот, но севкупната одговорност за војната сега ја има Теплински (54), командант на воздушните трупи на земјата, објави „Москва тајмс“.

Негово разрешување бараше Евгениј Пригожин, првиот човек на Вагнер.

Можете да прочитате

Кац: Иран одлучи да го нападне Израел

Ракетен напад врз база во Ирак каде се стационирани американски војници

Украинската разузнавачка служба откри и разби руски шпионски синџир