Утрински Весник
Свет

Шест лица загинаа во несреќа во Калифорнија, авион се урна и се запали

Шест лица загинаа во несреќа во Калифорнија, авион се урна и се запали

Шест лица загинаа откако утрово авион се урна и се запали над поле во јужната американска држава Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Авионот се запалил заедно со околу еден хектар вегетација пред да пристигнат пожарникарите, јавува Асошиејтед прес.

Авионот „Цесна Ц550“ што полета од меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас се урна во близина на аеродромот во градот Муриета, во округот Риверсајд во југозападна Калифорнија, меѓу Лос Анџелес и Сан Диего, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Шест патници во авионот беа прогласени за мртви на местото на настанот, набргу откако властите го пронајдоа запалениот авион, соопшти пожарникарската служба на округот Риверсајд. Идентитетот на загинатите патници не е соопштен.

Националниот одбор за безбедност на транспортот и ФАА ја истражуваат несреќата.

Според АП, ова е втора трагична несреќа во близина на аеродромот Француска долина во округот Риверсајд, откако во вторникот авион удри во зграда до аеродромот, при што загина едно лице, а три други беа повредени.

Можете да прочитате

„Гардијан“: 83 отсто од убиените во Газа се цивили

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа