Утрински Весник
Македонија

Уставните амандмани за две недели влегуваат во Собранието, најави Ковачевски

Уставните амандмани за две недели влегуваат во Собранието, најави Ковачевски

Уставните амандмани ќе влезат во собраниска процедура во следните две недели, најави премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, по усвојувањето на владина седница, ќе ги објават амандманите, со што јавноста ќе се увери дека се работи само за технички измени.

„Уставните измени ќе бидат поднесени и во текот на наредните две недели ќе почне процес на дискусија онаму каде што е местото за тоа“, рече Ковачевски.

Нема поврзаност, вели премиерот, помеѓу процесот на уставните измени со мандатот на Владата, туку со европската интеграција. Тој рече дека избори ќе има в година, во редовниот термин.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претходно денеска го повтори партискиот став дека во овој случај станува збор за бугарскиот диктат и такви уставни измени нема да има. Мицкоски повторно повика на предвремени избори.

Можете да прочитате

Дождот донесе среќа за пожарите, мака за жителите во делчевско: Поплавени се улици, се судрија возила

Перински по состанокот со Арсовска: Сега сме уште позагрижени од претходно

Викендот над 100.000 луѓе влегле и излегле преку Табановце