Утрински Весник
Свет

Жесток напад на украинска територија: повеќе од 50 проектили и гранати го погодија Белогород

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина: погодена клучна инфраструктура

Украинските сили истрелаа повеќе од 50 проектили и гранати на локации во руската погранична област Белгород во изминатите 24 часа, при што загина едно лице, напиша денеска гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал на „Телеграм“.

dobivaj vesti na viber

„Селото Нехотеевка, округот Белгород, беше под оган, врз него беа лансирани осум артилериски гранати, кои не резултираа со жртви и штети. Исто така, неколку воздушни цели беа соборени од воздушната одбрана над областа. Поради тоа, искршени се стакла на станбена зграда во Разумноје, оштетени се осум приватни куќи, оштетени се и четири автомобили и далновод“, изјави Гладков.

Гувернерот претходно изјави дека селото Новопетровка во областа Валуј вчера било под оган и дека во тие услови маж со стомачна повреда починал додека бил пренесен во болница со амбулантно возило.

„Под минофрлачки оган се најде и периферијата на селото Стари, каде што беа лансирани 12 минофрлачки гранати“, изјави Гладков.

Вкупно 13 ракетни и минофрлачки гранати погодија уште две села, рече тој, додавајќи дека во тие напади нема жртви или материјална штета.

Можете да прочитате

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти