Утрински Весник
Свет

(Видео) Хулиган ги шутирa цвеќињата за убиената тиктокерка Ноа во Белград

(Видео) Хулиган ги шутирa цвеќињата за убиената тиктокерка Ноа во Белград

Непознат хулиган синоќа ги клоцаше цвеќињата поставени до споменикот на принцот Михаило во центарот на Белград, ги искина и ги фрли знамињата во боите на виножитото, кои беа поставени во спомен на убиената девојка Ноа Миливојев (18). Ноа вчера беше пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, а за нејзиното убиство е уапсен Огњен Д. (33).

dobivaj vesti na viber

На видеото, кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како хулиган клоца и ги гази цвеќиња, го зграбува знамето со виножито, симбол на ЛГБТ-популацијата и го кине.

Засега не се знае дали полицијата го идентификувала младиот осомничен.

Ноа Миливојев е трансродова личност, родена во Ковиле кај Нови Сад.

 

 

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола