Утрински Весник
Македонија

Ахмети: ДУИ е родена од крвта на мачениците, без нас институциите не би биле стабилни

Ахмети: ДУИ е родена од крвта на мачениците, без нас институциите не би биле стабилни
Dik 300x250 mk

ДУИ е нападната од сите страни, рече претседателот на партијата, Али Ахмети, на настан во Чаир по повод изборот на новиот состав на чаирскиот разгранок.

dobivaj vesti na viber

Ахмети порача дека ДУИ е клучот за функционирањето на државата и не се урива така лесно бидејќи ДУИ е родена од УЧК и од крвта на мачениците, а не во телевизиски студија.

Рече дека додека биле во коалиција ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги напаѓал, а тоа се случувало оти биле и сега се клучната партија без која институциите не би биле стабилни.

Рече дека никогаш не пораснале и не се хранеле со туѓа пот, туку со потта на сопственото чело.

По средбата, Ахмети на „Фејсбук“ се заблагодари за масовниот прием од членовите на ДУИ во Чаир.

„Заедно поминавме две децении успешни активности со исполнети витални мисии за еднаквост и подобар и квалитетен живот. Мило ми е што сме подготвени да продолжиме да пишуваме нови поглавја од европската иднина. На новиот состав на разгранокот на Демократската унија за интеграција во Чаир предводен од неговиот претседател, Беким Незири, му посакувам успех во нивната мисија да бидат во ефикасна услуга на граѓаните на Чаир“, напиша Ахмети.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи