Утрински Весник
Македонија

Професорот Калајџиев за Јанакиевски: Нема пречка за притворите да му се засметаат во казната

Професорот Калајџиев за Јанакиевски: Нема пречка за притворите да му се засметаат во казната

Нема пречка притворите на Миле Јанакиески да му се засметаат во казната за „Титаник“, уверува универзитетскиот професор по право, Гордан Калајџиев. Тој посочува деа случајот со Јанакиески е комплексен бидеќи е осомничен и неправосилно осуден во повеќе постапки. Калајџиев е дециден дека не е точна тезата дека спојувањето на притворите е спротивно на законите само затоа што не е предивдено во закон.

dobivaj vesti na viber

„Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum)“, пишува Калајџиев.

Сега на потег е Кривичен суд. До нив е поднесено барање за спојување на притворите. Епилогот од одлучувањето, Миле Јанакиески ќе го дочека во затворот „Идризово“ каде е спроведен од попладнево. И неговиот адвокат Еленко Миланов посочи дека притворот од 4,6 месеци може да му се засмета во казната од 3,6 години.

Јанакиески при спроводот во „Идризово“, за „Макфакс“ изјави дека не се чувствува безбедно.

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Нѐ очекува невреме со ветер со брзина од 70км/ч

Нова војна на естрадата: Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13 на Лазаров (ВИДЕО)

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!