Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност, ГАК за случајот со родилката

Проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност, ГАК за случајот со родилката
Img 7972

Проценката од стручното лице во случајот со родилката била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност, реагираат од скопската клиника за гинекологија.

dobivaj vesti na viber

На реакцијата претходи извештајот од вонредниот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој констатираше пропуст што на 39-годишната жена докрај не и’ била обезбедена психолошка поддршка пред да скокне од прозорецот на гинекологија.

Од ГАК објаснуваат дека пациентката која се породи на 28 јуни, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш била видена од психолог и не било нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид.

Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден бил креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред исписот од Клиниката.

„Напоменуваме, проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност која е честа состојба кај родилките и не е индикација за ургентно да се повика психијатар“, велат од ГАК.

Објаснуваат дека ваквата симптоматологија е мошне честа меѓу породените пациентки, а студија на Клиниката покажала дека пројавуваат дури 72 отсто од испитаничките во перинаталниот период, и истата не претставува ургентна состојба за итна потреба од психијатар.

Од дежурните служби во текот на викендот кога таа престојувала на ГАК не било рапортирано влошување на нејзината состојба, односно немала знаци за сериозно нарушување на менталната состојба.

Пациентката во саботата, ден пред да скокне од прозорецот, направила и соодветен контакт со бебето, што, како што велат од ГАК, е адекватна емотивна реакција кон нејзиното новородено, и што не покажува емоционална состојба која упатува дека родилката ќе направи обид за суицид.

На кобниот ден, 2 јули, поради појава на симптоми на лесна вознемиреност, пациентката неколку пати била посетена и бил извршен разговор со дежурниот лекар при што е ординирана соодветна анксиолитична терапија и повторно бил креиран упат за проценка и за евентуална потреба од назначување на третман од страна на специјалист психијатар веднаш по исписот, што било планирано да се случи во понеделникот.

Можете да прочитате

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом

Сиљановска-Давкова: И по 35 години Венецијанската комисија симболизира верба во правото, верба во дијалогот и верба во демократијата

Вмровци притискале, тогашната власт не попуштила: Кафулето на газдата на Пулс било пломбирано