Утрински Весник
Македонија

Мештаните од Слупчане се обиделе самите да ја вратат струјата, па ги оставија и соседните села без напојување

Заканите од кумановско Слупчане, втор ден ги држат екипите на ЕВН надвор од селото во кое се краде 80 отсто од струјата на годишно ниво

Во селата Оризаре, Ваксинце и Лојане денес нема струја поради дефектот што го предизвикале жители на Слупчане.

dobivaj vesti na viber

Од ЕВН информираа дека синоќа лица од Слупчане насилно и незаконски отвориле енергетски објект во сопственост на Електродистрибуција, во обид самите да го вратат напојувањето со струја во селото, по што предизвикале голем дефект, оставајќи ги соседните села без електрична енергија.

Слупчане вчера остана без струја поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското село. Мештаните синоќа со запалени гуми на патот го попречуваа влезот на екипите на ЕВН да влезат во селото.

Од ЕВН кажаа дека проблемот не е нов, односно постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните и не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот задистрибуција.

„Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти.

Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. Се додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот“, наведуваат од Електродистрибуција.

И во ова село кражбите на електрична енергија се околу 80 отсто, исто како што беше случајот во скопското Арачиново. Наплатата е само 20 отсто.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско