Утрински Весник
Македонија

ИСИЕ: Само 15% од јавните претпријатија ги исполнуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи

ИСИЕ: Само 15% од јавните претпријатија ги исполнуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи

Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ ги објави резултатите од „Студијата за процена на состојбите за постапување по пријави на укажувачи, транспарентност и отчетност на јавните претпријатија во Република Северна Македонија”. Истражувањето беше спроведено во периодот од декември 2022 – април 2023 година преку проект поддржан од Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на оваа студија направена е анализа на механизмите за прием и постапување по пријави на укажувачи во рамките на јавните претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа во четири плански региони (Источен, Пелагониски, Полошки и Скопски Плански Регион) за периодот 2020-2022 година. Исто така, во рамките на истражувањето беа опфатени и јавните претпријатија основани од државата (Владата), а коишто имаат седиште во рамките на општина во некој од наведените плански региони опфатени со истражувањето. Во оваа студија беа анализирани вкупно 44 јавни претпријатија од кои обезбедени се податоци за 43 претпријатија, додека од едно претпријатие не се добиени податоци. Исто така, во студијата беа опфатени 19 основачи (18 општини и Владата), од кои обезбедени се податоци од 17 основачи (16 општини и Владата), додека од два основачи не се обезбедени податоци.

Студијата покажа дека само 15% од 44 анализирани јавни претпријатија ги поседуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи, а истовремено само три од претпријатијата во период од 2020 до 2022 година примиле пријава од укажувач.

Дополнително, Студијата забележа и ограничени човечки капацитети со оглед дека од 44 јавни претпријатија, само 19 од нив имаат назначено овластено лице за постапување по пријави на укажувачи. Слабости се забележани и во делот на интерните антикорупциски процедури и практики. Па така, 23 јавни претпријатија немаат подготвено годишни планови за процена на ризици од корупција (или слични акти), 36 јавни претпријатија немаат акти за спречување на судир на интереси и 37 јавни претпријатија немаат интерни акти за примање подароци на вработени во јавното претпријатие од трети лица.

Анализата на студијата е насочена кон оцена на: 1) техничките услови за постапување по пријави од укажувачи, кои се определени со Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во јавен сектор, 2) човечките капацитети кои се на располагање на јавните претпријатија, 3) процедурите за постапување по пријава од укажувачи и 4) односот на јавното претпријатие со основачот (општина или Владата).

Наодите од Студијата беа презентирани на посебни работилници организирани во Штип, Битола, Тетово и Скопје, во месец мај 2023 година на кои присуствуваа претставници на општини и советници во општински совети и совет на Град Скопје, претставници на јавни претпријатија основани од општините, Градот Скопје и Владата и граѓански активисти. Студијата е достапна на македонски и албански јазик на сајтот на ИСИЕ.

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта