Утрински Весник
Спорт

Ф1 календарот за 2024 со 24 трки, само во јануари нема да има акција

Ф1 календарот за 2024 со 24 трки, само во јануари нема да има акција

ФИА и Формула 1 го објавија тркачкиот календар за 2024 година, со 24 трки, почнувајќи со трката во Бахреин на 2 март и завршувајќи во Абу Даби на 8 декември, со фокус на „регионализација“ на календарот и одбележан со враќањето на Кинеското ГП.

dobivaj vesti na viber

Сезоната почнува во Бахреин и продолжува со Саудиското ГП, две трки кои ќе се одржат во сабота поради светиот муслимански месец рамазан. Кинеското ГП во Шангај се враќа првпат од 2019 година со петтата трка од сезоната на 21 април.

Со преселбата на Јапонското ГП во април, Азербејџанското ГП во септември, и трката во Катар веднаш пред Абу Даби, календарот треба да биде полесен за тимовите поради логистиката.

Овогодишната сезона исто така требаше да има 24 трки, но со отажувањето на Емилија-Ромања ГП и Кинеското ГП останавме со 22 трки.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина