Утрински Весник
Свет

(Видео) Татко со синовите се обидел да се качи на авион додека полетувал, полицијата го приведе

Израелец и неговите два сина се уапсени во Турција поради бизарен обид да се качат во авион на меѓународниот аеродром во Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Тројцата патници го пропуштиле повратниот лет за Израел кога стигнале до авионот веднаш по затворањето на вратите по што направиле чуден потег.

Тие скокнале на мостот за качување што води до леталото кога авионот почнал да се оддалечува и на тој начин се обиделе да го спречат неговото полетување.

На видеото се гледа како еден од Израелците скока од мостот на авионот на пистата и се приближува до авионот, очигледно како дел од нивниот обид да го запрат летот.

Обезбедувањето ги привело на самото место и ги однело во полициска станица.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека е запознаено со инцидентот и дека конзулатот во Истанбул се занимава со него, пишува „Тајмс оф Израел“.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп