Утрински Весник
Свет

Персонал на хотел во Шпанија пронашол задавена жена во ходник, осомничено е нејзиното момче

Персонал на хотел во Шпанија пронашол задавена жена во ходник, осомничено е нејзиното момче

Шпанската полиција уапси Ирец (30) под сомнение дека задавил жена во хотел во одморалиштето Коста Дорада. Според полициските извештаи, персоналот на хотелот пронашол жена во безживотна состојба во еден од ходниците во комплексот, пишува „Мирор“.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот за убиството бил во романтична врска со жртвата, а според неофицијални податоци, ја убил така што ја давел додека не изгубила свест. Тој веднаш по злосторството бил уапсен од полицијата, а констатирано е дека има рани на зглобовите.

Наводно жената се обидела да побегне од убиецот, но тој ја стигнал. Според извештаите, по убиството, тој со чаша си нанел рани на рацете и зглобовите.

Поради ова, тој бил префрлен во болница, каде што сега е под лекарски надзор.

Можете да прочитате

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација

„Шпигел“ открива нови детали: Дронот од Лајпциг со идентични компоненти како запленетите во Србија

Холандската централна банка го преместува златото од САД и Канада во Лондон поради геополитички немири