Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Владата да не дозволи рудник во Иловица

ДОМ: Владата да не дозволи рудник во Иловица

Зелената партија ДОМ бара од Министерството за економија и Владата, како и од општините Босилово и Ново Село, да не дозволат изградба на рудникот “Иловица-Штука”.

dobivaj vesti na viber

„По владината одлука за спојување на концесиите, сериозна е загриженоста дека се планира отворање на овој рудник“, велат од партијата.

ДОМ останува цврсто на ставот против отворање рудници, затоа што тие се штетни по животната средина и здравјето на луѓето. Последиците од уништувањето на природата и загадувањето од рудниците остануваат присутни со децении по нивното затворање. Не смееме да дозволим, велат од таму, заради остварување на профит на поединци, да ја уништуваме иднината на сегашните и идните генерации.

„Да се посветиме на развој на зелената економија и отворање зелени работни места, за да обезбедиме здрав и квалитетен живот за граѓаните и просперитет на македонското општество“, истакнуваат од ДОМ.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нашата позиција е јасна, бараме принципи и кредибилен и предвидлив процес

ВЛЕН: Тоа што не беше направено 25 години, се реализира за 25 месеци, Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

Кошта: Проширувањето е наша заедничка цел, иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија