Утрински Весник
Македонија

Лога ќе ја следи седницата на Уставен суд каде ќе се разгледува Упатството за додавање графа националност во изводите

Лога ќе ја следи седницата на Уставен суд каде ќе се разгледува Упатството за додавање графа националност во изводите

Министерот за правда Кренар Лога на столчето во делот за јавност во Уставниот суд. Ќе ја следи седницата на Уставниот суд на која меѓу другото треба да се разгледува и Упатсвото со кое се додава графата националност во изводите на родени. Иницијатаивата на Лога покрена низа реакции во јавноста.

dobivaj vesti na viber

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, инаку професорка по уставно право, оцени дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото Упатство за матични книги во кое има графа за националност е добра вест.

Според неа, новото упатство треба да се поништи. Таа наведува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците.

Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, напиша Дескоска.

Таа објасни дека меѓународните договори што се ратификувани согласно со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, а уште помалку со упатство. Таа рече дека меѓународните договори се над законите и очекувала Министерството за правда да предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот.

„Ова што се случува во моментот е ретрограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава“, појасни Дескоска.

Новото Упатство за матични книги во кое има графа националност го потпиша неодамна министерот за правда Кренар Лога.

Ова наиде на остри реакции во јавноста, дел од политичките партии веднаш побараа да се поништи упатството, а Уставниот суд минатата недела најави дека на сопствена иницијатива повеле постапка за оценување на уставноста на новото упатство.

Министерството за правда се огласи за новото Упатство со кое се додава графа националност во изводите на родени. Во соопштението до јавноста од Министерството за правда велат дека Уптатството за изводи на родени со графа националност не се коси со законите, туку дека е во согласност со Законот за матична евиденција, објави Фокус.

Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема