Утрински Весник
Свет

Путин денеска ќе разговара со лидерите на Кина и Индија

Најразвиените земји во светот го планираат најсилниот удар за Русија досега

Планирано е Владимир Путин да разговара со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и со премиерот Нарендра Моди за време на виртуелната средба на Шангајската организација за соработка.

dobivaj vesti na viber

Тоа ќе биде прво меѓународно појавување на Путин по вооружениот бунт на групата „Вагнер“.

Агендата предвидува вклучување на Иран во организацијата и дискусија за потенцијалното членство на блискиот сојузник на Русија – Белорусија. Кина и Индија се покажаа како клучни сојузници на Путин од неговата инвазија на Украина, при што двете земји ја зголемија трговијата со Русија по стапувањето во сила на санкциите наметнати од Западот.

Можете да прочитате

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг, многумина сè уште се водат како исчезнати

Данското МНР воведе посебна смена за следење на изјавите и работата на Трамп

Специјалниот пратеник на САД Виткоф оди во Москва да ги запознае Русите со деталите од мировниот план за Украина