Утрински Весник
Македонија

Ковачевски со честитка за Денот на независноста на САД

Ковачевски: 324 милиони евра со предлог-буџетот за модерна инфраструктура и капитални инвестиции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните на САД по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

Во честитката премиерот Ковачевски истакна дека САД се нашите стратешки партнери, чија поддршка е од исклучително значење за напредокот на нашата држава.

Во продолжение е интегралната честитка на премиерот:

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер, чија поддршка во сите предизвици од независноста до денес, вклучувајќи ја и недвосмислената поддршка за процесот на евроинтеграции на Република Северна Македонија, исклучително ја цениме.

Заедничката посветеност на демократијата, на слободата, еднаквоста, почитувањето на човековите права, на градењето силни демократски општества – е основата на која нашето пријателство и партнерство ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат и на политички и економски план, но и обединети на вистинската страна како сојузници во НАТО“, се вели во честитката од премиерот Ковачевски.

Придонесот на САД е огромен во делот на интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, владеење на правото, борба со корупција и криминал, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ“.

Можете да прочитате

Средба Мисајловски – Пирс: македонско – британската одбранбена соработка на највисоко ниво, Обединетото Кралство останува наш силен сојузник

СДСМ: Филков да не го кочи реформскиот процес

Родителите не ги пуштаат децата во училиште поради насилен ученик – бојкот во „Јан Амос Коменски“