Само во Скопскиот Регион, Владата има исплатено околу 1 милијарда и 200 милиони денари финансиска помош за 181 компанија преку Законот за финансиската поддршка на инвестициите (ЗФПИ), изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, при денешната посета на компанијата „Нехо Исни“ од Скопје.
Битиќи изјави дека компанијата беше поддржана од Владата, каде што исплатената помош за поддршка за пораст на капитални инвестиции и поддршка за зголемување на конкурентност на пазарот изнесуваше над 6 милиони и триста илјади денари.
Вицепремиерот Битиќи посочи дека планот за економски раст поставен во 2017 година потврдува дека оваа Влада го знае вистинскиот пат за економски раст и развој на нашата земја.
„Само во Скопскиот Регион поддржани се 181 компанија, кои до денес имаат добиено околу 1 милијарда и 200 милиони денари финансиска помош за своите инвестициски циклуси, кои креираа нови работни места за нашите граѓани“, изјави Битиќи.