Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 % во однос на одлуката од 26.6.2023 година.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,022 денари/кг и сега ќе изнесува 41,029 денар/кг.
Од 4.7.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 (денара/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 70,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 41,029 (денар/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек 1,284 %, кај дизелот намалувањето е во просек 3,191%, кај екстра-лесното масло намалувањето е во просек 0,202 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,386 %.