Утрински Весник
Спорт

Собослај, Џерард и „осумката“ – сè е во тетоважата

Собослај, Џерард и „осумката“ – сè е во тетоважата

Доминик Собослај во неделата потпиша договор со Ливерпул. Унгарецот во новиот клуб на грбот ќе го носи бројот 8. Има посебна причина за изборот на „осумката на Џерард“.

dobivaj vesti na viber

Алексис Мекалистер го зеде бројот 10 кој остана празен по заминувањето на Садио Мане, Луис Дијаз минатата недела го замени дресот со број 23 за дресот со број 7.

Но, осумката на „Џерард“ беше слободна, па изборот беше всушност лесен за новото засилување на црвените.

„Има многу добри играчи кои го носат овој број. Јас имам тетоважа со цитат од Стивен Џерард, не се ни сеќавам кога го изјавил тоа, но тоа е една од причините зошто го избрав овој број“, изјави унгарскиот фудбалер.

„Кога бев дете, да бидам искрен, не гледав многу фудбал, но ги гледав натпреварите од Лигата на шампиони. И секако, меѓу големите тимови го гледав и Ливерпул, а Џерард беше меѓу најголемите играчи“, додаде тој.

Тетоважата за која зборува е напишана на неговиот мајчин јазик, преку раката и на неа пишува:

„Талентот е благослов од Бога, но без неверојатна желба и понизност, тој е безвреден“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина