Утрински Весник
Свет

Путин му испрати порака на Лукашенко: Братското пријателство останува основа за сојузничките односи

Путин му испрати порака на Лукашенко: Братското пријателство останува основа за сојузничките односи

Рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе на Александар Лукашенко Денот на независноста на Белорусија, кој се слави по повод ослободувањето на Минск од нацистите.

dobivaj vesti na viber

„Врските на братското пријателство и взаемна поддршка зајакнати за време на тешките воени години остануваат сигурна основа за сојузничките руско-белоруски односи.

Тоа е целосно потврдено денеска, кога нашите земји заеднички се соочуваат со доста сериозни надворешни закани и предизвици“, рече Путин.

Тој додаде дека празникот е важен и за Белорусите и за Русите бидејќи го означува ослободувањето на Минск од германско-фашистичките напаѓачи.

ТАСС пренесува дека Путин изразил уверување дека со градење билатерални врски и зајакнување на институциите на сојузните држави, Русија и Белорусија ќе можат да ги надминат сите тешкотии и да ги заштитат своите легитимни интереси на меѓународната сцена.

Путин му посака на Лукашенко добро здравје и успех, а на белорускиот народ среќа и просперитет.

Во 1999 година, Русија и Белорусија потпишаа договор за создавање на Федерална држава, со кој беа воспоставени голем број политички насоки, меѓу кои најважните беа воспоставувањето заеднички економски простор.

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја