Утрински Весник
Спорт

Ливерпул го потврдија пристигнувањето на Собослаи

Ливерпул го потврдија пристигнувањето на Собослаи

Ливерпул го потврдија своето второ засилување во летниот преоден рок, комплетирајќи го трансферот на Доминик Собослаи од РБ Лајпциг, кој пристигнува како дел од „револуцијата“ во средината на теренот на тимот на Јирген Клоп покрај Алексис Мекалистер кој пристигна од Брајтон.

dobivaj vesti na viber

22-годишниот Собослаи пристигнува на „Енфилд“ по две и пол години во Бундеслигата, откако „црвените“ платија 70 милиони евра да ја активираат неговата отпусна клаузула.

„Ужував последните три-четири дена тука во Ливерпул, каде што се запознав со луѓето. Ливерпул е историски клуб со добри играчи, добар тренер и добар стадион. За мене ова претставува одличен следен чекор во кариерата“, вели Собослаи.

Собослаи произлезе од системот на развој на фудбалереи на Ред бул, почнувајќи со Ред бул Салцбург во Австрија, за кои играше од 2017/18, пред во јануари 2021 да го направи трансферот во сестринскиот клуб, РБ Лајпциг, со кои освои две титули од Германскиот куп во 2022 и 2023.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ