Утрински Весник
Спорт

Љупко Петровиќ во вештачки индуцирана кома по тешката сообраќајка

Љупко Петровиќ во вештачки индуцирана кома по тешката сообраќајка
Dik 300x250 mk

Славниот српски тренер, Љупко Петровиќ се наоѓа во медицински индуцирана кома по тешката сообраќајна несреќа која ја имаше во четвртокот, објавуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

76-годишиот Петровиќ, кој ја предводеше Црвена звезда до европската титул во 1991 година, возел во спротивна насока на обиколницата околу Белград, по што имал директен судар со друг автомобил. Според хирургот Миљко Ристиќ, од шокот, тој доживеал два мозочни удари по што бил поставен во вештачка кома.

„Љупко го познавам приватно, тој и претходно беше наш пациент и затоа ме погоди то што му се случи. Тој е во стабилна состојба, така што тоа е охрабрувачки, но не може да се даде прогноза. Кај оштетувањата на мозокот, принципот на лекување е медицинско продолжување на комата, бидејќи така има најмала потреба на активноста на мозокот. Најкритично беше во првите 48 часа“, изјавил хирургот за „Информер“.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс