Утрински Весник
Македонија

Малолетна сопатничка тешко повредена во сообраќајка меѓу две возила во Зелениково

20-годишно момче почина откако  свадбена поворка учествуваше во страшна несреќа во Германија

Вчера во 17.45 часот било пријавено дека во с.Зелениково-скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(50) од с.Страхојадица и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(37) од с.Зелениково.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут