Џејми Фокс, наводно, сè уште не е при себе откако претрпе мистериозна медицинска компликација во април.
Добитникот на „Оскар“ и „Греми“ бавно закрепнува среде стравување за можни последици – иако засега не се објавени точни детали за неговата состојба.
„Тој во моментов ја добива најдобрата нега и работи напорно за да закрепне, но тој сè уште не е при себе“, изјави извор за „Пипл“. „Неговите најблиски се постојано со него.“
На 5 мај, оскаровецот беше сместен во болница во Атланта, каде што со денови беше под опсервација откако му се слоши на снимањето на акционата комедија „Повторно во акција“.
Подоцна истиот месец тој замина во еден од најдобрите центри за рехабилитација.
Деталите за итната интервенција поради која Џејми беше хоспитализиран не беа откриени во јавноста.