Утрински Весник
Свет

Полициски час во Франција по немирите

Полициски час во Франција по немирите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во францускиот град Кламар, јужно од Париз во регионот Ил де Франс, од вечерва до 3 јули се воведува полициски час од 21 до 6 часот.

dobivaj vesti na viber

Ова го соопштија локалните власти.

Полицискиот час има за цел да го воспостави редот по немирите што избувнаа претходно оваа недела, откако полицијата уби тинејџер кој не го запре својот автомобил во париското предградие Нантер, објавија властите на Твитер.

40.000 полицајци ќе бидат распоредени ширум Франција, вклучително и Париз, оваа вечер по немирите што избувнаа откако полицијата уби тинејџер кој не успеа да запре автомобил што се прошири низ целата земја, изјави претходно денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен. За денеска во Нантер е планирана комеморативна прошетка за убиениот млад човек.

Можете да прочитате

Зеленски бара јасна поддршка од ЕУ и користење на замрзнатите руски средства

Мерц повикува на договор за замрзнатите руски средства за поддршка на Украина

Интерпол издаде црвена потерница за осомничен за кражба на злато и сребро во Истанбул