Утрински Весник
Економија

(Видео) Живко Мукаетов назначен за конзул на Кралството Норвешка во Скопје

(Видео) Живко Мукаетов назначен за конзул на Кралството Норвешка во Скопје
Dik 300x250 mk

Денеска, 29 јуни 2023 година, во просториите на „Алкалоид“ АД Скопје на локалитетот во Автокоманда официјално почна со работа Конзулатот на Кралството Норвешка.

dobivaj vesti na viber

За конзул на Кралството Норвешка во Скопје е назначен г. Живко Мукаетов, кој, исто така, функцијата Генерален конзул на Кралството Данска ја извршува веќе 16 години.

По повод отворањето официјално обраќање имаше г. Еивинд Вад Петерсен, Државен секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, кој ја истакна важноста на соработката меѓу двете земји нагласувајќи:

,,Да се потсетиме дека силата лежи во единството и дека напредокот се постигнува преку заеднички потфати. Почесниот конзулат на Норвешка во Скопје нека биде основа за нашето пријателство да продолжи да се развива и нашето партнерство да го издржи тестот на времето”.

На пригодната свеченост присуствуваа претставници од надредената Амбасадата на Норвешка во Белград, претставници на дипломатско-конзуларниот кор, претставници на Владата на Република С. Македонија, како и претставници на бизнис-заедницата и на медиумите.

(ПР)

Можете да прочитате

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Кнауф дел од Розовиот октомври

Божиновска: Зависноста од еден извор е ризик од минатото